Дома Фудбал Останато Нов скандал на Роналдо: Ги навредуваше соиграчите, па одби да прими медал

Нов скандал на Роналдо: Ги навредуваше соиграчите, па одби да прими медал

Фудбалерите на Ал-Хилал го освоија Суперкупот на Саудиска Арабија совладувајќи го Ал Наср со 4:1, а тој пораз исклучително тешко му падна на Кристиано Роналдо.

Медиумите пренесуваат дека веднаш по натпреварот 39-годишниот Португалец отишол во соблекувалната. Останатите играчи на Ал-Наср останаа на теренот да ги примат сребрените медали.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Роналдо ги критикуваше и соиграчите откако тимот го прими четвртиот гол против Ал-Наср. Со гестикулации покажа дека спијат и играат со страв.

Ова не е првпат Роналдо да прави вулгарни гестови во тек на натпревар, а тоа не се толерира во Саудиска Арабија, па Португалецот би можел да биде казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…