Пред новите предизвици во Италија екипата на Милан се соочува со проблеми.
Вчера стана јасно дека првиот голман Мајк Мањан ќе мора да оди на операција и некој период ќе биде надвор од терените. Денес стигна веста дека дефанзивецот Тео Ернандез добил позитивен ковид-19 тест.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан ја информираше јавноста дека Ернандез бил позитивен на последните испитувања откако се вратил од репрезентативните обврски за Франција во Лигата на Нации каде што оваа селекција играше со Белгија и Шпанија. Ернандез во освојувањето на завршниот турнир учествуваше со еден гол и една асистенција.
Секако дека е ова удар за Милан затоа што Тео Ернандез со своите настапи во последно време важи за еден од најдобрите на својата позиција во светот. Ќе потсетиме, претходно во француската репрезентација позитивен беше и Адриен Рабио.