Почетокот на дерби средбата во Супер лигата помеѓу ПАОК и Олимпијакос, е одложен поради инцидентот кој го предизвикаа навивачите на домашниот тим.
Како и многупати досега, еден од дерби средбите во грчкиот шампионат нема да стартува на време.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фановите на ПАОК го погодија тренерот на Олимпијакос, Оскар Гарсија со ролна хартија по главата, поради што стратегот на актуелниот грчки шампион побара медицинска помош.
Грчките медиуми пренесуваат дека тренерот на Олимпијакос е погоден во левата слепоочница, а фудбалерите на гостинскиот тим веднаш се повлекоа кон соблекувалната.
Почетокот на мечот е одложен, а лекарите моментално го прегледуваат Оскар Гарсија така што на судиите и делегатите е да одлучат дали воопшто овој меч ќе се одигра.
Ваквиот расплет на настаните воопшто не им одговара на ПАОК кој на табелата во домашното првенство е лидер и е шест бодови во позитива во однос на Олимпијакос, на осум кола до крајот на сезоната.