Изминатата ноќ кошаркарите на Далас славеа победа против Оклахома со 121:114, а повторно беа предводени од Лука Дончиќ.




Дончиќ уфрли 38 поени во кошот на Оклахома, откако претходно го пропушти дуелот со Чикаго. Покрај одличниот поентерски учинок Дончиќ дојде и до дабл-дабл со 11 скокови и осум асистенции. Но, тој не беше најефикасниот кошаркар затоа што Шај Глицес Александар постигна 42 поени.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Натпреварот беше интересен, двата тима често го менуваа водстово. Далас прв дојде до предност, но Оклахома се врати и пред крајот на првата четвртина го презе водството.




Патот кон победата Далас почна да го гради некаде кон крајот на втората четвртина кога направија серија од 16 поени.




НБА РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Мајами 82:87
Вашингтон – Бруклин 100:112
Мемфис – Атланта 128:103
Далас – Оклахома 121:114
Сан Антонио – Кливленд 112:111
Портланд – Минесота 133:112
ЛА Клиперс – Бостон 113:93