Барселона одамна покажа интерес за Кутињо, но немаа доволно пари за да испратат понуда на „Енфилд“.
Кутињо на крајот го парафираше новиот договор со „Црвените“, а потоа ПСЖ направи пореметување, го купи Нејмар за 222 милиони евра, Барселона доби конечно доволно пари за да исполни неколку свои ѓелби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трите понуди кои стигнаа на „Енфилд“ се глатко одбиени, последната од 125 милиони евра, а управата наводно испратила и четврта, која на Ливерпул би можела да му донесе 160 милиони евра.
Кутињо се закани дека ќе излезе во јавност доколку понудата биде одбиена, ќе се обрати до медиумите и ќе каже дека клубот го задржува против неговата волја.
Имено, тој соопшти дека Ливерпул не смета на него во ЛШ, поточно не сака да го стави на списокот за групната фаза.
Кутињо досега не одигра ниту еден официјален меч оваа сезона, пишуваа дека го повредил грбот, но како што се наведува се е излажирано, ниту сака Кутињо да тренира, ниту пак, Ливерпул не го дава.
.@Phil_Coutinho has reportedly told @LFC he doesn't want to be included in their @ChampionsLeague squad this season! #beINUCL #LFC pic.twitter.com/g9docq6tnm
— beIN SPORTS (@beINSPORTS) August 25, 2017