Дома Останати Ново шоу на Ибра – Џошуа откри каков совет добил, а Швеѓанецот заврши во свој стил! (Видео)

Ново шоу на Ибра – Џошуа откри каков совет добил, а Швеѓанецот заврши во свој стил! (Видео)

Секогаш интересниот Златан Ибрахимовиќ и фантастичниот боксер Ентони Џошуа конечно се запознаа.

Славниот Шведски фудбалер беше гостин на борбата во која Џошуа ја бранеше категоријата во тешка категорија против Карлос Такама.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Британецот ја одбрани титулата, а потоа откри што му кажал Златан пред борбата.

„Слушнав дека кажа дека не сум совршен, но дека се обидувам тоа да станам. Ми кажа да престанам да зборувам и да им порачам на сите: Совршен сум, а не се обидувам тоа да бидам“, открива Џошуа.

Пред мечот Златан и јавно пред медиумите го пофали светскиот шампион.

„Има одлична енергија, посебно позитивна. Тоа е причината поради која луѓето го сакаат и токму затоа сакаат да го гледаат. Совршен е по приорда. Силен, брз и голем нокаутер“, зборуваше напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Сепак, Златан не пропушти да се пофали и себе си.

„Меѓутоа, сеуште не е добар боксер, колку што јас сум добар фудбалер“, заврши популарниот Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…