Дома Македонски спорт Мак фудбал Ново име во Воска: Пристигна човекот кој остави длабока трага во Шкендија

Ново име во Воска: Пристигна човекот кој остави длабока трага во Шкендија

Tимот на Воска Спорт е прилично активен во јануарскиот преоден рок, а последно засилување е голманот Костадин Захов.

Захов во редовите на Воска пристигнува како слободен фудбалер откако пред неколку дена ја заврши својата незаборавна ера во Шкендија. Захов остави длабока трага во Шкендија бидејќи голот на овој клуб го чуваше цели осум сезони и освои пет шампионски титули и два национални Купа.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од редовите на Воска не го криеја задоволството што успеале да го убедат 36 годишниот голман да им се придружи.

Пред Шкендија го носеше дресот на Брегалница, Хоризонт Турново, Беласица и Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Само два клуба можат да си го дозволат Флоријан Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на гигантите ширум Европ…