Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ново изненадување: Мароко ја надигра и победи Белгија🎥

Ново изненадување: Мароко ја надигра и победи Белгија🎥

Мароко приреди уште едно изненадување на Мундијалот и ја победи фаворизираната Белгија со 2:0.

Белгија и против Мароко продолжи со анемичната игра која ја видовме и во првиот меч.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Мароко беше поорганизиран во сите линии, ја контролираше играта во првото полувреме, а Белгија спорадично се закануваше и се потпираше само на индивидуални квалитети.

Во последната минута од првиот дел Хаким Зијех постигна гол од слободен удар, но судијата после реакција на ВАР го поништи поради офсајд.

Во вториот дел сликата на теренот беше иста, па Мароко дојде до заслужено водство во 72-та минута преку Сабири.

Белгискиот селектор веднаш реагираше и во игра ги стави Де Кетеларе и Тросард, а во 80-та минута во игра влезе и Ромелу Лукаку, па Мартинез врли се на една карта.

Меѓутоа, Белгија не успеа да создаде сериозна шанса, а Мароко прекуконтранапад зголеми на 2:0 во судиското продолжение и заслужено победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Откриен медицинскиот извештај кој покажа зошто Мбапе ослабе шест килограми за неколку дена

Светските медиуми во текот на целиот ден пишуваат на оваа тема, наведувајќи информации кои…