Дома Фудбал Нови проблеми за Артета: Се повреди Габриел Жесус, се појави фотографија од тренингот

Нови проблеми за Артета: Се повреди Габриел Жесус, се појави фотографија од тренингот

По многу добри вести кои ги добија навивачите на Арсенал во последно време, се чини дека не можеше да нема лоши вести.

Имено, како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал е многу загрижен бидејќи Габриел Жесус се повредил на тренингот во Америка, кој според наше време се одржа синоќа.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Топчиите“ ги започнаа подготовките со реми 1:1 во натпревар кој беше затворен за јавноста. Противник беше Ватфорд.

Потоа отпатуваа за Германија каде таму одиграа натпревар со второлигашот Нирнберг и повторно одиграа 1:1.

Во недела играчите и стручниот штаб заминаа на американската турнеја каде ќе одиграат уште три пријателски натпревари.

Најпрвин вечерва ќе одиграат натпревар против олстар-тимот на МЛС, а потоа играат натпревари против Манчестер Јунајтед и Барселона.

Арсенал ќе го одигра последниот претсезонски натпревар против Монако на „Емирати“, но се чини дека ќе има проблем за сите тие претсезонски натпревари бидејќи Габриел Жесус наводно е повреден.

На Твитер се појави фотографија од играч на Арсенал за кој се верува дека е Габриел Жесус, кој му е укажана помош покрај теренот.

Останува да се види дали Топџиите ќе се огласат и ќе откријат за кого се работи и дали се работи за сериозна повреда.

Англиските медиуми тврдат дека се работи за Жесус и дека тој навистина ги загрижил сите во клубот поради новата повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпански медиуми: Манчестер сити нуди 275 милиони евра за Јамал

МАНЧЕСТЕР СИТИ планира да поднесе понуда за Ламин Јамал со која би го собориле светскиот р…