Дома Фудбал Англија Сите мислеа дека неговото отсуство ќе биде проблем, а Артета порача: Без него станавме подобри

Сите мислеа дека неговото отсуство ќе биде проблем, а Артета порача: Без него станавме подобри

Aрсенал оваа сезона игра одлично, во последното коло го разбија Евертон со 4:0 и продолжија да чекорат кон титулата за која се борат со Манчестер Сити.

Наскоро Артета повторно ќе го има на располагање најголемтоо летно засилување, Габриел Жесус кој отсуствува поради повреда. Сепак, Артета сега истакна дека во отсуство на Жесус тимот станал и подобар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Да бидам искрен, тимот отиде чекор напред откако е тој повреден. Сите ја видовме одговорноста на поединци. Убаво е да се види дека играчите не чекаат цело време едни исти да ја завршуваат работата. Жесус не е ниту блиску, ниту далеку. Следната недела ќе разговараме за тоа“, изјави Артета.

Очекувањата се Жесус наскоро да почне со тренинзи, па полека да се враќа во ритам. Сепак, очигледно нема да има обезбедено место во стартните 11.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…