Во минатото коло Лионел Меси во дербито против Лил беше заменет на полувремето, а без него ПСЖ успеа да направи пресврт и да дојде до победата.
Меси ќе го пропушти натпреварот со Лајпциг, меѓутоа тоа нема да биде единствениот проблем затоа што според најавите на француските медиуми Меси го чека подолга пауза поради повреда на коленото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за повреда која Меси ја има уште од летото заработена на Копа Америка во натпреварот со Венецуела. Лекарскиот тим на ПСЖ ќе направи дополнителни прегледи, а веќе се шпекулира дека Аргентинецот го чека пауза од три до четири недели.
Ќе потсетиме од кога дојде во Париз проблеми со повреда има Серхио Рамос, шпанскиот дефанзивец се уште не одиграл ниту една минута во дресот на „светците“, а се пишува и дека би можел да го напушти францускиот тим и без да настапи.