Дома Фудбал Останато Нови детали за последните денови на Марадона: Докторите можат да се најдат во големи проблеми?

Нови детали за последните денови на Марадона: Докторите можат да се најдат во големи проблеми?

Смртта на Диего Марадона го потресе фудбалскиот свет кон крајот на 2020 година.

Легендарниот аргентински фудбалер почина на 60 годишна возраст. Во Аргентина се води голема истрага за неговата смрт. Докторот Леполдо Лике е главниот осомничен и обвинет дека не го лекувал Диего на вистинскиот начин.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од Аргентина секојдневно пристигнуваат нови неверојатни информации за случувањата пред смртта на Марадона. Сега се тврди дека извесен Чарли, кој бил асистент на Лике му дал алк*хол и мар*хуана на Диего за тој да заспие.

„Ми кажаа дека Чарли организирал да дојде девојка во текот на ноќта, а за Диего да не му пречи му дал пиво и „трева“. Не можам да поднесам дека тоа го направил. Не знам како да го запрам“, зборува Лике во разговор со еден од членовите на неговиот тим, разговорот го објави „Infobae“.

Истражителите во истрагата ќе се фокусираат на луѓето кои му биле најблиски во последните часови од неговиот живот. Ако се докаже дека докторите постапиле несовесно тогаш би можеле да се соочат со затворски казни и одземање на лиценцата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…