Дома Фудбал Репрезентации Новиот член на Челзи се најде на списокот и на Вентура во италијанската репрезентација

Новиот член на Челзи се најде на списокот и на Вентура во италијанската репрезентација

Селекторот на Италија, Џан Пјеро Вентура мораше да направи една измена пред мечот со Израел.

Италијанците беа поразени од Шпанија со 3:0, а сега им следи мечот со Израел кој мораат да го добијат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Внетура не може да смета на повредениот Кјелини, а Бонучи против „Фуријата“ заработи жолт картон, па ќе мора да ја издржи суспензијата, додека повреда доживеа и младиот Спинакола, па селекторот мораше да повика „засилување“.

Имено, тој во репрезентацијата на Италија го повика новиот фудбалер на Челзи, Давиде Запакоста.

Запакоста во последните моменти од преодниот рок премина во Челзи од Торино, а сега ќе добие шанса да го носи повторно дресот на „Аѕурите“.

Тој запиша четири настапи во сениорката репрезентација на Италија досега, но не е во тимот уште од март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пеп по ремито со Сандерленд призна без кого не може!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не остана разочаран од нерешениот резултат во С…