Дома Фудбал Англија Новиот тренер на Њукасл сепак нема да биде големо име

Новиот тренер на Њукасл сепак нема да биде големо име

Новите газди на Њукасл сакаа големо име за тренер, сепак како што стојат работите изгледа ќе мораат да се задоволат со Еди Хоу.

После Конте и Зидан, последен кој ги одби „црно-белите“ беше Унаи Емери. Наводно сега најголеми шанси за да седне на клупата на овој клуб му се даваат на Еди Хоу. Стратегот кој го водеше Бурнемоут во овој момент е без ангажман. Бурнемоут го водеше цели осум сезони од 2012 до 2020 година и во Премиер лигата имаше неколу успешни сезони.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во Англија важи за еден од најдобрите млади тренери, а првата задача ќе му биде да избори опстанок со Њукасл бидејќи тимот е претпоследен без ниту една победа. Во јануари ќе треба да пронајде и вистински засилувања за да започне големиот проект на шеиците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Што се случува со англиската ѕвезда пред СП? Руни: Чудно и тажно

ЛЕГЕНДАТА на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, изрази жалење за ситуацијата на Фил Фоден од М…