Рома вчера остана без тренер откако Еусебио Ди Франческо заработи отказ.
Веќе е познато кој ќе го замени, неговата замена веќе пристигна во Рим. Тоа е искусниот стратег Клаудио Раниери кој неодамна доби отказ на менаџерската позиција во Фулам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раниери утрово пристигна а аеродромот во Рим. Денес ќе разговара со раководството на Рома и во текот на денот би требало да пристигне и официјална потврда.
Искусниот 67 годишен стратег ќе ја има улогата на привремен тренер, а според резултатите клубот ќе одлучи дали наредната сезона ќе остане на клупата.
Ова за Раниери ќе биде втор мандат во римскиот тим. Претходно Рома ја водеше од септември 2009 до 2011 година и резултатите не му беа лоши.
#Ranieri dopo lo sbarco a #Ciampino si dirige nella sua casa ai Parioli. Subito dopo andrà a #Trigoria per la firma e per dirigere il suo primo allenamento in vista di #RomaEmpoli pic.twitter.com/2i8oJEXR6K
— il Romanista (@ilRomanistaweb) March 8, 2019
Во првата сезона беше блиску до титулата шампион. Меѓутоа Жозе Мурињо и Интер сепак беа поуспешни и за два бода завршија пред „волчицата“.
Раниери во претходните три години работеше во Лестер, Нант и Фулам, а претходно водеше клубови како Интер, Јувентус, Челзи, Атлетико Мадрид.
Инаку, денес во Рим е посебно интересно. Освен доаѓањето на Раниери, утрово сите италијански медиуми пишуваат и за едно заминување.
Спортскиот директор Мончи денес го завршува својот престој во Рома и си заминува во договор со раководството. И за ова се очекува официјална потврда во текот на денот.