Сагата за Килијан Мбапе и неговиот трансфер во Реал Мадрид се уште е актуелна, а новинарот Жулиен Лорен објави зошто е тешко Французинот ова лето да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.
Мбапе се врати на тренинзите на ПСЖ, откако претходно одби да потпише нов договор со парижаните, но неговата иднина во Париз се уште е неизвесна.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Доколку Мбапе потпише за Реал ова лето, ќе треба да се откаже од многу пари. За 2024 година има договорено бонус од 130 милиони евра. Единствен начин за трансфер е Реал да испрати огромна понуда до ПСЖ и дел од оваа сума да му ја даде на Мбапе. Реал ќе мора да испрати астрономска понуда до „светците“, зашто во спротивно нема да се реализира трансферот ова лето“, објави новинарот.