Дома Фудбал Останато Новинар го налути Тер Штеген: Ти работи си ја твојата работа, јас мојата!

Новинар го налути Тер Штеген: Ти работи си ја твојата работа, јас мојата!

Еден од најдобрите голмани во светот, Марк Андре Тер Штеген не ги поднесува лесно критиките кои ги добива на негова сметка.

Барселона вчера во Неапол славеше со 4:2 против Наполи во реваншот од плеј-офот во Лигата на Европа и се пласираше понатаму. Стрелци за Каталонците беа Жорди Алба, Френки Де Јонг, Жерар Пике и Обамејанг.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Наполи постигна два гола преку Инсиње и Политано. Првиот гол на Инсиње дојде после пенал кој го направи Тер Штеген. За ваквата невнимателност доби критики.

„Луѓето мислат дека се знаат најдобро. Секогаш се трудам да дадам се од себе. Ако сум така лош како што кажувате немаше да бранам. Грешам некогаш, но таков е фудбалот. Ги гледам своите натпревари и знам каде најчесто правам грешки, секогаш се трудам да ги поправам. Вие новинарите во последните денови се обидувавте преку критики да направите приказна околу мене. Тоа е твојата работа и разбирам, меѓутоа смирен сум зошто знам дека се е во ред. Ти работи си ја твојата работа јас мојата“, порача Тер Штеген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јокиќ има договор од 235 милиони евра, неговиот коњ со победа му донесе 375 евра – погледнете како прослави

НИКОЛА ЈОКИЌ имаше убав повод за славење вчера, слично како кога би освоил титулата во НБА…