Дома Трансфер зона Голманот кој се пензионираше ова лето и се понуди на Барселона: Ако треба спремен сум да застанам на голот!

Голманот кој се пензионираше ова лето и се понуди на Барселона: Ако треба спремен сум да застанам на голот!

Чилеанскиот голман Клаудио Браво е подготвен да се врати од пензија доколку Барселона сака тој да го замени Марк Андре Тер-Штеген.

Сезоната за капитенот на Барселона веќе заврши и тој денеска ќе биде опериран, а Каталонците според правилата на Ла Лига имаат право веднаш да го заменат. Клаудио Браво сега отворено се понуди да помогне, ако од него тоа се побара.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ако Барселона ме повика, подготвен сум да се вратам од пензија и да застанам на голот“, изјави Клаудио Браво.

Интересно е што своевремено, летото 2014 година, во Барселона пристигна од Реал Сосиедад во истото лето како и Тер-Штеген од Борусија Менхенгладбах.

Луис Енрике го користеше Браво во натпреварите од Ла Лига и така ја освои титулата, но ја освои и Лигата на шампионите со Тер Штеген на голот.

По две години голема борба за позицијата прв голман, очекувано беше донесена одлука да се задржи многу помладиот Тер Штеген, па Браво замина во Манчестер Сити во трансфер вреден 18 милиони евра.

Во последните четири сезони бранеше за Бетис, а потоа на 37 години одлучи да се пензионира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …