Реал Мадрид вчера беше поразен на гостински терен од Валенсија со 1:0, а во овој натпревар беа забележани и расистички навреди кон Винисинус Жуниор. Бразилецот беше нарекуван „мајмун“ од страна фановите на домашниот тим.
По натпреварот Винисиус се огласи на социјалните мрежи истакнувајќи дека расизмот во последниот период станал нешто нормално во Ла Лига.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ова не беше ниту прв, втор или трет случај…Расизмот стана нешто нормално во Ла Лига. Навистина ми е жал. Првенството кое некогаш припаѓаше на Роналдињо, Роналдо, Кристијано, Меси денес им припаѓа на расистите…Жал ми е за Шпанците кои не се согласуваат, но во Бразил веќе е позната како земја на расисти. Сепак, јас сум силен и ќе одам до крај против расистите“, гласеше пораката на Винисиус.
По ваквата порака од Винисиус првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас му замери затоа што никогаш не се појавувал на закажаните состаноци на оваа тема. Потоа дојде и едно прашање од новинар кое го налути Бразилецот.
„Ќе им се извините ли на навивачита?“, праша новинарот.
На тоа Винисиус имаше краток одговор.
„Дали си глупав?“
Vinicius's reaction to a Spanish journalist.
— Mikael Madridista (@MikaelMadridsta) May 21, 2023
Journalist: “Will you apologize to the fan?”
Vinicius: “Are you stupid?”
pic.twitter.com/9Zl9PUfHEJ