Дома Фудбал Останато Новинарите го налутија Зидан: Ние бевме шампиони минатата година, не пред 10 години!

Новинарите го налутија Зидан: Ние бевме шампиони минатата година, не пред 10 години!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес имаше судир со шпанските новинари.

Во последно време во шпанските медиуми на големо се пишува за можно заминување на Зидан од клупата на „кралевите“. Веќе се споменуваат и неговите можни наследници. Таквото прашање го налути Зидан.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Дали сте сериозни кога ме прашувате дали ќе замина? Минатата година го освоивме првенство. Да, ние Реал Мадрид! Го освоивме првенство минатата година, не пред десет години. Треба да покажете малку почит кон тоа. Премногу работи зборувате и морате некогаш да водите сметка што зборувате и да носите одговорност. Кажете ми во лице се што имамете“, порача Зидан.

Зидан вети и борба за сите трофеи до крајот на сезоната.

„Ви ветувам и ви гарантирам дека нема да се откажеме од борбата за трофеи, ќе се бориме за нив до крај“.

Реал Мадрид во овој момент е на третото место во Ла Лига со 40 бодови и имаат 10 бодови помалку од нивнит градски ривал, Атлетико кој е лидер на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…