Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва не е сигурен колку долго ќе остане во редовите на „граѓаните“.
Силва најави дека во јуни ќе ги разгледува опциите за неговата кариера и не крие дека се гледа можеби и во друга средина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во јуни ќе видиме што е најдобро. Фокусиран сум сега на Манчестер Сити. Договорот ми истекува кога ќе имам 31 година.
Не сакам да кријам дека мојата иднина може да биде надвор од Манчестер ако пристигне некоја примамлива понуда од голем клуб“, изјави Силва.
Португалскиот фудбалер летово беше блиску до преселба во Барселона, но каталонскиот клуб се откажа од трансферот поради преголемата сума на пари што Сити ја бараше за обештетување.