Дома Фудбал Останато Нова ТРАНСФЕР „БОМБА“: Карлос Тевез повторно на потег

Нова ТРАНСФЕР „БОМБА“: Карлос Тевез повторно на потег

Како и изминатата зима, и овој јануари, Карлос Тевез би можел да биде голема „зимска бомба“.

Како што пренесуваат бројните аргентински медиуми, Карлос Тевез е на прагот на враќање во Бока Јуниорс по само една година.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тевез изминатата зима одлучи да ја напушти Бока по вторпат, пресудија кинеските милиони и неверојатна годишна плата од 38 милиони евра во Шангај.

Тевез ја зеде првата годишна плата, ги обезбеди сите и сега би сакал повторно да игра фудбал од љубов, а тоа за него претставува Бока.

Како што се наведува, Кинезите немаат против да го пуштат да замине, Аргентинецот го одработи маркетиншкиот дел, а не е потполно расположен да понуди се што умее.

Тој во текот на една сезона за Шангај одигра 14 натпревари во првенството, постигна четири погодоци, но сега не сака да исполни уште една година од договорот. Бока сака да го врати и му нуди договор на две години, а потоа би требало да следи и пензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aрбелоа без седумина против Сити: Отпадна уште еден стандарден првотимец!

Реал Мадрид се соочува со големи проблеми пред натпреварите со Манчестер Сити. Најновиот п…