Дома Фудбал Останато НОВА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Роналдо верува дека Перез и Реал Мадрид сакаат да го срушат!?

НОВА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Роналдо верува дека Перез и Реал Мадрид сакаат да го срушат!?

Кристиано Роналдо се наоѓа во големи проблеми во последно време откако што беше обвинет за силување, кое наводно се случило 2009. година.

Кетерин Мајорга е Американка која пред десет дена го обвини Роналдо за брутално силување кое наводно се случило 2009. година во еден од луксузните хотели во Лас Вегас. Оваа приказна добила сериозно продолжување откако што американската полиција отворила истрага, иако Роналдо сето тоа го негираше.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Повеќе не е тајна дека Роналдо се соочува со тешки моменти чекајќи да заврши истрагата, односно да се види кој од нив ја зборува вистината. Италијанската „La repubblica“ отиде чекор понатаму и наводно откри дека Роналдо е бесен на Реал Мадрид и дека мисли дека Флорентино Перез и друштвото сакаат да го срушат поради неговото заминување.

Како што пишува овој портал, Роналдо им се налутил на Реал и Перез поради тоа што пред неклку години не застанаа на неговата страна поради даночното затајување, а сега и поради наводното силување. Наводно, Роналдо на пријателите им открил дека верува дека зад сето ова стои Флорентино Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ќе бара замена за Салах во јануари? Се проценува на 75 милиони евра.

Ливерпул би можел да започне преговори за крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо, уште…