Дома Останати Авто Мото Нова сезона стари навики: Хамилтон најбрз во квалификациите во Мелбурн

Нова сезона стари навики: Хамилтон најбрз во квалификациите во Мелбурн

Љубителите на Формула 1 со нетрпение го чекаа почетокот на новата сезона, а првата трка ќе ја гледаме утре во Мелбурн.

Веќе со години наназад со трката за Големата награда на Австралија започнува новата сезона во Формула 1, а така и овој е и овој пат. Претходните денови тимовите имаа неколку тренинзи, додека утрово се возеа квалификациите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако е нова сезона може да се каже дека нема ништо ново бидејќи на првото место заврши актуелниот шампион Луис Хамилтон кој утре ќе стартува од првата позиција.

Зад него заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас што покажува дека Мерцедес и оваа сезона влегува максимално спремен. На третото место ќе стартува возачот на Ферари, Себастијан Фетел кој заостануваше зад Хамилтон нешто нешто помалку од секунда.

Четврти заврши Макс Верстапен, додека петти заврши новиот возач на Ферари Леклерк. Во топ 10 се уште Грожан, Магнусон, Норис, Раиконен, Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …