Дома Фудбал Италија Нова победа на Интер, само реми за Мурињо🎥

Нова победа на Интер, само реми за Мурињо🎥

Интер продолжува со одличните резултати и годината ја заврши со седма победа во низа, откако со минимални 1:0 го победи Торино.

„Нероаѕурите“ на овој меч не доминираа како во претходните и потешко од очекуваното дојдоа до победа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Интер на почетокот тргна одлично, но Торино спорадично се закануваше во неколку наврати.

Моментот на одлука се случи во 30-та минута, кога Дамфрис постигна гол од работ на шеснаесетникот.

Рома не успеа да слави против Сампдорија иако доминираше во текот на целиот меч. Шомуродов ја доведе „волчицата“ во водство во 70-та минута, но Габиадини израмни на 1:1.

Со идентични 1:1 заврши дуелот помеѓу Верона и Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…