Дома Македонски спорт Мак ракомет Нова мета на Вардар за десен бек е српскиот бомбардер и еден од најдобрите стрелци во ЛШ?

Нова мета на Вардар за десен бек е српскиот бомбардер и еден од најдобрите стрелци во ЛШ?

Вардар е пред комплетирање на тимот со кој ќе игра наредната сезона.

Засега отворено е уште прашањето на десната бековска позиција, низ медиумите разни имиња се поврзуваа со актуелниот македонски и европски шампион. Најново име на радарот на Вардар е поранешниот српски репрезентативец, Марко Вујин.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


36 годишниот леворак бомбардер ја заврши епизодата во Спортинг Лисабон и сега работи на пронаоѓање на куб за наредната сезона. Вујин е еден од најдобрите стрелци во Лигата на шампионите во која играше со Кил и Веспрем.

И покрај богатата кариера Вујин не успеа да го оствари сонот и да ја освои ЛШ.

Вардар сега е во изградба на нов тим после проблемите, па ќе видиме дали ќе има можност за такво нешто, секако ако дојде до негово доаѓање во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…