Дома Трансфер зона Нова идеја на Јувентус: Дали преку Лукаку сакаат да стигнат до Икарди?

Нова идеја на Јувентус: Дали преку Лукаку сакаат да стигнат до Икарди?

Интер веќе некое време води преговори со Манчестер Јунајтед за доведување на Ромелу Лукаку, но засега „неоаѕуирите“ немаат успех.

Тимот од „Олд Трафорд“ сака веднаш да добие 70 милиони евра за Белгиецот додека на „нероаѕурите“ тоа не им одговара и се обидуваат на други начини да го доведат напаѓачот на овој тим.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Антонио Конте сака да го види во својот тим, меѓутоа Интер нема да доволно средства и веројатно се чека прво да биде продаден Мауро Икарди за да го доведат Лукаку.
Последната понуда на Интер беше позајмица на две години со оштета од 10 милиони евра и опција за откуп за допилнителни 60 милиони евра.

Денес се појави информација дека Наполи влегол во трката за Лукаку, а сега експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио тврди дека Јувентус влегол во трката за Белгиецот.

Не е јасно дали тимот од Торино со овој потег сака да го присили Интер побрзо да им го продаде Икарди или навистина има намера да го доведе Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алфонсо Дејвис доаѓа во Мадрид како Мбапе

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…