Новак Ѓоковиќ ја започна 419-та недела на врвот на АТП листата, иако Италијанецот Јаник Синер го освои Мастерсот во Мајами победувајќи го Григор Димитров во финалето (6:3, 6:1).
Синер со победата сега е пред Карлос Алкараз, станувајќи најдобро рангираниот Италијанец во историјата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ѓоковиќ успеа да го зголеми вечниот рекорд по број на недели поминати на врвот и следниот понеделник ќе собори уште еден голем рекорд.
На 8 април, Ѓоковиќ ќе има точно 36 години и 322 дена и така ќе го собори рекордот на Роџер Федерер станувајќи најстариот тенисер на прво место. Србинот е прв со 9.725 бодови, второпласиран е Синер со 8.710, додека третопласиран е Алкараз со 8.645 бодови.