Дома Трансфер зона Ни Јуве, ни Интер – Патрик Шик заврши во Рома

Ни Јуве, ни Интер – Патрик Шик заврши во Рома

Конечно заврши трансфер сагата за играчот на Сампдорија Патрик Шик. Напаѓачот од следната сезона ќе игра во Рома за трансфер вреден 38 милиони евра.

Шик блесна минатата сезона во Серија А и го привлече вниманието на скоро сите големи клубови во Италија. Најбрз беше Јувентус кој го договори трансферот, но напаѓачот не успеа да ги помине медицинските прегледи.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Откако пропадна трансферот во „старата дама“, Интер важеше како најсериозен кандидат за неговиот потпис, но во последен момент Рома испрати понуда која „нероаѕурите“ не можеа да ја израмнат.

Имено, „волчицата“ постигна договор со Самдорија за едногодишна позајмица од 3 милиони евра, а следното лето ќе го откупи договорот за додатни 35 милиони евра.

Вечерва Шик треба да пристигне во Рим и доколку биде се во ред со лекарските прегледи и официјално ќе стане нов член на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…