Дома Трансфер зона Ништо од трансферот, Аке останува во Сити

Ништо од трансферот, Аке останува во Сити

Дефанзивецот Нејтан Аке нема да се пресели во Челзи и следната сезона ќе остане во Манчестер Сити, пренесуваат медиумите на Островот.

Челзи покажуваше силен интерес за холандскиот репрезентативец, кој беше дел од клубот во периодот од 2011 до 2017 година, а и самиот играч беше заинтересиран да се врати на „Стенфорд Бриџ“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Меѓутоа, трансферот нема да се реализира, а причината е што  „граѓаните“ за својот дефанзивец бараат 50 милиони фунти, сума која Челзи не е спремен да ја плати.

Во меѓувреме, Челзи го договори трансферот на Кулибали и е во потрага по уште еден дефанзивец. На листата желби се Преснел Кимпембе од ПСЖ и Жил Кунде од Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…