Доколку можеме да веруваме на пишувањата на „Corriede dello Sport“, Јувентус го избрал наследникот за Џиџи Буфон.
Легендарниот голман нема да го замени 21. годишниот помлад имењак, Џанлуиџи Донарума, туку изборот падна на Алекс Мерет.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Мерет е голман на Удинезе, но поради конкуренцијата во Удинезе, е испратен на позајмица во СПАЛ, со кого оваа сезона изборија промоција во Серија А.
„Старата дама“ ќе се обиде да го донесе Мерет ова лето, потоа 20-годишниот голман ќе биде испратен на позајмица во СПАЛ, а на голот на Јуве би требало да застане во 2018. година.
Буфон ќе биде „единицата“ на Јувентус до крајот на следната сезона, кога го најави и заминувањето од фудбалот.