Полека, но сигурно, Ница губи чекор во борбата за шампионската титула во Франција. Тимот од азурниот брег освои само бод (2:2) на свој терен во дуелот со Каен во првиот натпревар од 29-то коло на француската прва лига и ја пропушти шансата да се изедначи со бодови со водечкиот Монако.
Гостите добро го почнаа натпреварот, а поведоа во 36-та минута преку одличниот хрватски интернационалец Иван Сантини, кој по 12-ти пат погоди во Лига 1 оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, тоа не беше крај на непријатното изненадување за навивачите на Ница, бидејќи во 50-та минута Јан Карамох ја искористи неверојатната заспаност и тромост на домашната одбрана и тоа беше 2:0.
Сепак, уште еднаш се покажа дека тој резултат може да биде доста опасен во модерниот фудбал. Ница тргна на сè или ништо, па константно притискаше на сите линии од гостинската екипа. Таквиот пристап им донесе резултат во 71-та минута, кога Марио Балотели намали на 1:2. Бод за Ница донесе Анастасиос Донис на 13 минути пред крајот.
Домашните играчи бараа и пенал во 86-та минута, бидејќи топката го погоди Да Силва во рака, но главниот арбитар не се огласи на тие барања.