Германските медиуми пренесуваат информација дека Нико Ковач наскоро би можел да пронајде нов ангажман.
Поминаа десетина дена откако Баерн се раздели со хрватскиот стратег, а сега веќе се пишува дека може да ја превземе Херта која во овој момент ја води неговиот сонародник, Анте Човиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ковач и Човиќ се големи пријатели, Нико е кум на сунот на Човиќ.
Човеиќ ова лето ја превзема Херта и после 11 кола има 11 бодови на 12-тага позиција. Тука е и серијата од три порази во низа па работата на Човиќ е под знак прашалник.
Херта после репрезентативната пауза гостува кај Аугусбург и во случај на нов пораз на Човиќ веројатно би му била покажана излезната врата.
Тука се отвара шанса за поранешниот хрватски селектор кој е роден во Берлин и кој за Херта настапуваше два пати. Од 1992 до 1996 година и одигра 138 натпревари и постигна 15 голови, а од 2003 до 2006 година на 75 настапи постигна осум голови.