Дома Фудбал Останато Никој НЕ сака да биде на оваа листа – Ова се најомразените лица во фудбалот!

Никој НЕ сака да биде на оваа листа – Ова се најомразените лица во фудбалот!

Корупција, нарцизам предавство, причините се многу. Фудбалерите кои се најдоа на оваа листа веројатно не се изненадување…

Популарниот медиум „4-4-2“ направи листа на најомразените личности во светскиот фудбал. Во прашање е листа од 50 фудбалери, но да видиме кои се првите 10.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Без конкуренција на првото место е Сеп Блатер. Тука се најде поради скандалите со корупција, но и многу други „нечисти“ работи во фудбалот.

На второто место се најде Жозе Мурињо, големиот тренер кој никого не остава рамнодушен, но кој со своето однесување излезе од рамките на секоја фудбалска коректност. Често пати знае да биде остар, груб, па поради тоа создаде и многу непријатели.

Трет е Херланд Шумахер, за помладите Тони „Касапин“ човекот кој за малку не го уби Патрик Батистон во полуфиналето на Мундијалот во 1982 година. Овој човек се смееше додека од теренот го изнесуваа онесвестениот Французин. Како тоа да не му беше доволно, па после натпреварот иронично се понуди да му плати нови заби на ривалот кој се бореше за својот живот.

На четвртото место се најде Платини, идол на многумина но веројатно неговата репутација беше расипана поради вмешаноста во корупцијата, посебно поради доделувањето на Катар да го организра Мундијалот во 2022 година.

Петото место му припадна на Ричард Кејс, познатиот коментатор на „Скај“. Неговата омраза е поврзана за Островот, тој и Енди Греј обвинети беа за расистички коментари, но и поради коментарите на сметка на жените во фудбалот. Потоа ангажирани беа од страна на Катар, заработија многу пари, но го изгубија образот.

На шестото место се најде Кристиано Роналдо, како што самиот смета луѓето го мразат поради тоа што е убав и полн со пари, но и најдобар во она го прави. Неговиот нарцизам му создаде многу непријатели.

Поранешниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи е седми на оваа листа. Дури и дел од навивачите на Јувентус не го сакаат човекот кој владееше со Серија А и беше обвинет во аферата „Калчополи“ после која „старата дама“ беше испратена во Серија Б.

На осмото место е Ел Хаџи Диуф. Тој беше фудбалер кој „плукаше“ на секого, а знаеше и да им се потсмева на повредените фудбалери. И по завршувањето на кариерата остана присутен во медиумите со нападите кон Џерард и Карагер со кои настапуваше во редовите на „црвените“.

На претпоследното место се најде Пит Винкелман, а веднаш зад него капитенот на Челзи, Џон тери. Иако навивачите на Члези нема да се сложат. Расистичките напади, спиењето со девојката на соиграчоте се само некои од работите со кој се соочуваше во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аларм во Наполи, се повреди Лукаку

Италијанскиот шампион Наполи ја заврши својата предсезонска подготовка со успех, победувај…