После пет години Златан Ибрахимовиќ се врати во репрезентацијата, а враќањето го круниса со асистенција за единствениот погодок на Шведска во победата над Грузија.
Ибра е задоволен од својата игра против Грузија, а и покрај тоа што има 39 години не ги загубил своите вештини по кои е препознатлив во светот на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На теренот работам што можам. Пред натпреварот не планирам ништо, се се’ случува на импулс. Се уште сум спосебен да изведувам нинџа трикови. Се уште се тука, иако имам 39 години.“ – рече Ибрахимовиќ и додаде:
„Чувството после враќањето во репрезентација беше неверојатно. Единствено ми недостигаа шведските навивачи, бидејќи последниот пат кога играв овде стадионот беше преполн, атмосферата беше сосема различна.“