Кошаркарите на Далас го победија Њу Орлеанс на свој паркет со 127:123, во овој натпревар Лука Дончиќ стигна до својот 22. трипл-дабл.
Дончиќ со 22. трипл-дабл стана рекордер во франшизата од Тексас во таа категорија прескокнувајќи го легендарниот Џејсон Кид. Одличниот бек дуелот со Њу Орлеанс го заврши со 30 поени, 16 скокови и 10 асистенци и беше најзаслужен за 38. триумф на Маверикс.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Покрај него одличен натпревар одигра и Кристап Порзингис со 34 поени и 12 скокови, додека Сет Кари запиша 21 поен. Во редовите на Пеликанс Брендон Инграм имаше 27 поени, Лонзо Бол 25 и 11 скокови, а Зион Вилијамсон 21 поен и 6 скокови.
После исклучително неизвесен и возбудлив натпревар во кој ниту една екипа немаше двоцифрен број на поени гостите продолженија избори со тројката Николо Мелија на седум секунди пред крајот.
Далас имаше шанси се да реши во наредниот напад, но Порзингис не беше прецизен. Тоа сепак не им пречеше на Мавси во дополнителниот период да пружат подобра игра и предводени од Дончиќ и Порзингис да стигнат до победата.
НБА резултати:
Кливленд – Бостон 106:112
Детроит – Оклахома 107:114
Милвоки – Индијана 119:100
Бруклин – Мемфис 79:118
Мајами – Орланд 116:113
Њујорк Никси – Јута 104:112
Минесота – Чикаго 115:108
Далас – Њу Орлеанс 127:123 (пп)
Портланд – Вашингтон 125:104