Дома Топ вести Никој во Јунајтед не верува дека Погба ќе се врати, се чека само понуда

Никој во Јунајтед не верува дека Погба ќе се врати, се чека само понуда

Раководството и фудбалерите на Манчестер Јунајтед веќе се целосно убедени дека Пол Погба го одиграл својот последен натпревар за клубот, пренесува „Мирор“.

Французинот е надвор од терените уште од 30 септември, откакосе рехабилитира од повредата на глуждот. Најскапата аквизицја на „црвените ѓаволи“ требаше да се врати оваа недела, но тој момент повторно се одложи.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер, секоја недела зборува за тоа дека едвај чека Пол Погба да се врати во тимот, но соиграчите на Французинот веќе се уверени дека повеќе нема да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Официјалниот став на клубот се уште е дека Погба не е на продажба, но во јануари Французинот повторно ќе се обиде да го исфорсира неговиот евентуален трансфер во Реал Мадрид.

Ако шпанскиот гигант се согласи да плати 150 милиони фунти колку што бараат од „Олд Трафорд“, многу е веројатно дека раководството ќе му дозволи да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Гвардиола го напушта Сити

Манчестер Сити на крајот од сезоната може да остане без Пеп Гвардиола. Неговиот договор ис…