Македонскиот репрезентативец Бобан Николов ова лето се пресели во Шериф Тираспол со кој ќе игра во групната фаза од Лигата на шампиони.
Николов ги надмина проблемите со Ковид, па сега се подготвува за деби во Лигата на шампиони.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Ми се допаѓа овој проектот на Шериф, се надевам дека брзо ќе се адаптирам во новиот клуб, ќе дадам максимум за тимот. Имам голема конкуренција, но тоа е добро и ме мотивира. Ќе играме во Лигата на шампиони, а тоа е голем чекор за нас. Чест ми е да играм за Шериф и се надевам на многу убави моменти“, изјави Николов.
Шериф во групната фаза од ЛШ се наоѓа заедно со Реал Мадрид, Интер и Шахтјор.