Дома Македонски спорт Николов: Во Молдавија беше мирно, кога се вративме од Мадрид не дочека само една ТВ камера

Николов: Во Молдавија беше мирно, кога се вративме од Мадрид не дочека само една ТВ камера

Шериф Тираспол во вторникот приреди една од најголемите сензации во Лигата на шампионите победувајќи го Реал Мадрид и тоа на „Сантијаго Бернабеу“. Чест да биде од овој историски триумф за молдавскиот клуб имаше Бобан Николов кој шанса од тренерот на Шериф доби во последните минути од мечот.

Македонскиот репрезентативец сега имаше интервју за српски „Моцартспорт“ во кое зборуваше за оваа голема победа. Интересно е што во Молдавија било прилично мирно по нивното враќање и биле дочекани само од една телевизиска камера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Стигнавме во Молдавија ноќта помеѓу вторник и среда. Беше прилично мирно и тивко. Можеби нема да ми верувате, но не дочека само една телевизиска камера. Можам да замислам што би било во Белград ако Црвена Звезда или Партизан славеа против Реал Мадрид. Лудница сигурно. Секако, овој мир кој го имаме може да биде предност во некои ситуации. Немаме голем притисок од навивачите“.

За Николов ова е најголемото изненадување во историјата на Лигата на шампионите.

„Без лажна скромност ова е најголемото изненадување во Лигата на шампионите. Ја имав таа среќа во финишот да истрчам на „Сантијаго Бернабеу“. Како дете навивав за Реал Мадрид, почнав да играм фудбал поради генерацијата на Зидан и останатите „Галактикоси“. Плачев кога губеа“

Иако Шериф има шест бода, Николов не се залетува и знае дека уште многу бодови се во игра.

„Веруваме дека можеме да бидеме барем трети. Имаме пет повеќе од Интер и Шахтјор. Но, сега не размислуваме на тоа“, изјави Николов.

Целото интервју на Николов можете да го прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…