Дома Македонски спорт Никола Митревски најдобар голман во второто коло од Лигата на шампиони

Никола Митревски најдобар голман во второто коло од Лигата на шампиони

Репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски доби признание за најдобар голман во второто коло од ракометната Лига на шампиони.

Митревски блескаше на голот на Порто против Фленсбург и беше најзаслужен што неговиот тим оствари триумф. Порто губеше со 17:19 кога Митревски застана на голот, до крајот забележа шест одбрани со импресивен процент на успешност од 46 отсто.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Посебно добар Митревски беше во завршните пет минути, а ја имаше и клучната одбрана во последните секунди за победата на Порто. Токму затоа сосема заслужено доби место во идеалниот тим на второто коло.

Видео од најдобрите седум можете да погледнете тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…