Aнглискиот сојуз на фудбалски лиги (ЕФЛ) и „Скај Спорт“ потпишаа договор вреден 670 милиони евра, според кој на „Скај Спорт“ ќе има англиски фудбал повеќе од било кога.
Новиот договор ќе стапи на сила на почетокот на новата сезона и ќе има важност до мај 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Спорт“ според овој договор во следните пет години во живо ќе пренесува 138 натпревари од втората англиска лига, како и 15 натпревари од плејофот, за втората, третата и четвртата лига. Пакетот вклучува и права за пренос на завршницата на Карабао купот (Лига Куп) и ЕФЛ трофејот (куп натпреварување за клубоите од третата и четвртата лига).
„Мило ни е што го финализиравме договорот и ги обезбедивме клубовите и нивните навивачи во наредните пет години. Сега сме уште посилна заедница, а нашите гледачи не треба да стравуваат“, изјави извршниот директор на „Скај Спорт“, Барни Франсис.
Sky Sports has agreed the renewal of its contract with the EFL to broadcast 138 live league games per season until 2024.
Read: https://t.co/adwR6Ibd9C pic.twitter.com/SByTPAb9Gx
— Sky Sports (@SkySports) November 19, 2018