Maлку необично за еден фудбалер во денешно време.
Познато е дека голем број фудбалери уживаат да лудуваат во ноќниот живот, а исто така и голем дел од нив играат плејстејшн меѓутоа Садио Мане не го прави ниту едното, ниту другото.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Мане како што одминува сезоната игра се подобро и Ливерпул се повеќе се потпира на Сенегалецот кој навистина се разликува од голем дел од своите колеги.
Многу е скромен, помага на муслиманската заедница на Островот, скоро и да не излегува на ноќни забави, а сега откри и дека никогаш не играл плејстејшн.
„Можеби ќе ви звучи чудно и многумина нема да веруваат, но јас никогаш не сум играл плејстејшн. Тоа го сметам само за губење време, ништо не се добива“, изјави напаѓачот.
Потоа зборуваше за ноќните клубови, а последен пат во еден ноќен клуб бил кога со тимот на Ред Бул Салзбург ја славел титулата шампион, пред да се пресели во Англија.
„Не ги сакам ноќните забави и не размислувам за тоа. Нема да постигнам ништо ако не дадам се што можам за да станам подобар фудбалер“, смета Мане.
Мане во својата кариера го носеше дресот на Мец (2011-2012), Ред Бул Салзбург (2012-2014), Саутемптон го донесе во Англија во 2014 година, а две години подоцна направи трансфер во редовите на Ливерпул.