На Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити им остануваат уште само седум натпревари во борбата за титулата во Премиерлигата.
Моментално лидер е тимот на Арсенал со 71 бод, исто толку колку и второпласираниот Ливерпул, но со полоша гол-разлика, додека Манчестер Сити е третопласиран со бод помалку.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најповолен распоред има Манчестер Сити, додека според моменталната ситуација најтешко би требало да му биде на лондонски Арсенал, кој брилираше во последните неколку месеци и игра навистина феноменално, што се одрази и на табелата во најсилната лига. во светот.
На Сити треба да му биде најтешко во последното коло кога гостува кај Тотенхем, додека Арсенал покрај гостувањето кај Спарс ќе има и гостување на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед како и домашните дуели со Астон Вила и Челзи.
Од друга страна, Ливерпул го очекува гостувањето кај Евертон, Вест Хем и Астон Вила како и домашен меч со Тотенхем.
Распоредот на Арсенал до крајот на сезоната:
Астон Вила (дома)
Вулвс (гости)
Челзи (дома)
Тотенхем (гости)
Борнмаут (дома)
Манчестер Јунајтед (гости)
Евертон (дома)
Распоредот на Ливерпул до крајот на сезоната:
Кристал Палас (дома)
Фулам (гости)
Евертон (гости)
Вест Хем (гости)
Тотенхем (дома)
Астон Вила (гости)
Волци (дома)
Распоредот на Манчестер Сити до крајот на сезоната:
Лутон (дома)
Брајтон (гости)
Нотингем Форест (гости)
Волци (дома)
Фулам (гости)
Вест Хем (дома)
Тотенхем (гости)