Дома Македонски спорт Не чекаат тешки противници: Македонија во петтиот шешир за ждребот за ЕП 2020 (ФОТО)

Не чекаат тешки противници: Македонија во петтиот шешир за ждребот за ЕП 2020 (ФОТО)

Последните натпревари од Лигата на Нации не само што донесоа промени во лигите со испаѓање и промоции, туку кај многу репрезентации влијае и на позицијата пред ждребот за квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Најголем впечаток после вчерашните натпревари секако е падот за на Германците вториот шешир. Така светскиот шампион од 2014 година ќе стартува од вториот шешир и тоа благодарение на Полска која успеа да освои бод против Португалија 1:1.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Кога станува збор за нашата репрезентација не очекува тежок ждреб со оглед на тоа дека се наоѓаме во петтиот шешир, а тоа значи дека ќе добиеме четири репрезентации подобро рангирани.

За еден бод пред нас заврши Грузија, а тоа немаше да биде случај доколку не го претрпевме единствениот пораз во групата од Лигата на Нации против Ерменија.

Ќе потсетиме, Македонија се уште е во игра и за пласман на Европското првенство преку Лигата на Нации каде што ќе играме полуфинале против Косово.

sesir

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…