Се појави првата опција за Жозе Мурињо после евентуалниот отказ во Манчестер Јунајтед.
Португалецот е работ, ремито со Валенсија не е толку лош резултат, но ако се погледнат резултатите во Премиер лигата и играта која е очајна, јасно дека нема уште многу кредити. Покрај играта, тука и конфликтот со неколку играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Јунајтед немаат многу време и веројатно, ако не победи против Њукасл за него тоа многу веројатно ќе биде последен натпревар како тренер на „ѓаволите“. Пол Сколс веќе изјави дека е изненаден што Мурињо ја преживаел саботата кога Вест Хем го победи Јунајтед со 3:1.
Ако сепак слави против Њукасл одлуката би можела да падне на местото каде што ја започна својата англиска приказна и каде што се враќаше – на „Стенфорд Бриџ“.
После двонеделната пауза Јунајтед патува во Лондон, наводно клубот нема да дозволи да влезе во двомеч од групната фаза со Јувентус со ваква ситуација во соблекувалната.
Доколку биде отпуштен тој би можел да седи и да не прави ништо, има договор до 2020 и 15 милиони евра по сезона во Јунајтед, но можеби и да постигне договор и да се пресели во Америка.
Според тврдењата на респектабилнот „Спорт Илустрејд“, Американците бараат селектор, Брус Арен е сменет уште од пред една година, после неуспехот во квалификациите за Мундијалот, се споменуваа разни имиња како Биелса, Тата Мартино, Пекерман...Но федерацијата сака големо име и спремна е на Мурињо да му плати голема сума за договор до 2022 година.
Јасно, тоа значело заминување од европската сцена за Жозе, но не би имал многу опции кога би заминал од Манчестер Јунајтед со значително нарушена репутација.