Дома Фудбал Италија Не размислува за пензија: Ибра уште една година во Милан

Не размислува за пензија: Ибра уште една година во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Златан Ибрахимовиќ се блиску до договор за продолжување на соработката.

Ова не би било изненадување доколку Ибрахимовиќ минатиот месец не наполнеше 40 години, па многумина очекуваа дека ова ќе биде последна сезона во неговата кариера.

Меѓутоа, Ибрахимовиќ сака да игра и на Светското првенство во Катар, па преговара со Милан за продолжување на соработката.

Златан се чувствува одлично во Милано, а „росонерите“ му понудиле нов договор до јуни 2023 година.

Милан исто така преговара за продолжување на соработката и со Тео Ернандез, Рафаел Леао и Исмаел Бенасер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дембеле се пошегува по шоуто против Сити: Можеби ќе побарам уште еден одмор

ПСЖ со 4:2 го совлада Манчестер Сити, а Осман Дембеле враќањето по паузата го одбележа со …