Дома Топ вести Не разговараат? – Далеку од тоа, Пике и Рамос започнуваат заеднички бизнис!

Не разговараат? – Далеку од тоа, Пике и Рамос започнуваат заеднички бизнис!

После се можно ли е вакво нешто…

Односот на Серхио Рамос и Жерар Пике веќе станува премногу комплициран. Ривалството помеѓу Барселона и Реал Мадрид направи овие двајца фудбалери да се повикуваат преку медиумите, често се шпекулираше дека не се во добри односи и дека дури не ни разговараат, но реалноста е сосема поинаква.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Иако Рамос не ги одобрува истапите со национализам на Пике, од друга страна повеќе ја сака искреноста на овој фудбалер отколку молчењето на другите Каталонци во соблекувалната.

Но, последните информации се навистина изненадувачки, верувале или не Пике и Рамос започнуваат заеднички бизнис.

Во прашање е отварање на европска палтформа, на популарната „playerstribune.com“, платформа која доживеа голем успех.. На оваа платформа големите спортисти можат да пишуваат за животот надвор од теренот.

Пике и Рамос на овој начин имаат намера да станат „ортаци“ во заедничкиот бизнис кој во Америка имаше огромен успех.

Со ова можеби сакаа и да покажат дека проблеми помеѓу нив двајца нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Барселона лути на Левандовски

Во Барселона се многу незадоволни од повредата на Роберт Левандовски, пишува весникот “Мар…