Тимот на Брера ја оствари целта која беше поставена и се избори за опстанок во најсилната конкуренција, а по завршувањето на сезоната за амбициите во клубот зборуваше директорот Јован Симиќ.
Во интервју за клупската веб-страница Симиќ зборуваше на повеќе теми и откри дека пред големи трансфери за македонски услови се уште неколку фудбалери на струмичкиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Трајков направи рекорден трансфер и јас мислам дека тој рекорд наскоро ќе го пробиеме бидејќи планирани се уште неколку продажби ова лето, но ние не се брзаме оти тргнавме во еден добар правец. Постојат некои понуди, се зборува, се преговара. Мислам дека сме на вистинскиот правец и во овој летен преоден рок од продажба на млади фудбалери да направиме буџет кој ќе ни биде доволен за нашата цел а тоа е напад на врвот на прволигашката табела.
Тоа е целта на проектот, да бидеме самоодржливи да функционираме врз база на градење млади квалитетни фудбалери кои ќе добијат квалитетни кариери . За нас е многу важно каде нашите деца ќе продолжат со кариерите. Не сакаме да продаваме фудбалери за џабе, на било кој и било каде. Ние сакаме да се увериме дека тој клуб е навистина добар проект, како на пример што беше Полисја. Пазарот е специфичен, но ќе кажам има три или четири играчи кои привлекуваат огромно внимание од клубови од Европа, Азија и од Америка. Разговараме и преговараме и се надевам дека ќе се радуваме овој преоден рок, бидејќи ќе се види силата на Брера и како се работело во академијата“, изјави Симиќ.
Ќе потсетиме Трајков се пресели во редовите на Житомир од Украина кој за неговите услуги на Брера и плати 300.000 евра. Комплетното интервју за клупската веб-страна можете да го прочитате – ТУКА.