ПСЖ се засилува, сепак не е фудбалерот кој сите го очекуваат…
Целата сапуница со Нејмар би требало да се заврши во наредните неколку денови со тоа што Бразилецот ќе стане нов фудбалер на францускиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, Французите не се посветени само на трансферот на Нејмар, тие завршуваат и други трансфери. Во клубот пристигна младиот дефанзивец Хуан Фојт од Естудијантес, тоа го потврди и Хуан Себастијан Верон кој е претседател на аргентинскиот клуб.
Но тука не застануваат.
Управата на ПСЖ е заинтересирана за Леандер Дендокер, фудбалер кој има 22 година и настапува на позицијата последен играч за врска. „Црвените ѓаволи“ исто така покажуваа голем интерес за овој фудбалер, но откако го реализираа трансферот на Немања Матиќ веројатно нема да имаат потреба од нов фудбалер на средината од теренот.
Дендокер запиша и два настапи за репрезентацијата на Белгија и настапува за тимот на Андерлехт.