Тимот на Ал Хилал вчера го промовираше Бразилецот Нејмар, а според најавите францускиот шампион ќе се обиде да доведе уште двајца фудбалери на Пари Сен Жермен.
Наводно, раководството на францускиот гигант преговара за голманот Кејлор Навас и играчот за врска Марко Верати.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ПСЖ е спремен да се раздели со 36-годишниот голман, но не сакаат да го пуштат без оштета. Договорот на Костариканецот има важност уште една година. Во овој момент шанса пред Навас добиваат Донарума и Арнау Тенас. Изминатата сезона Навас ја помина како позајмен на голот на Нотингем Форест.
За разлика од Навас, доведувањето на Верати би одело потешко затоа што Луис Енрике сака да го има италијанскиот фудбалер во составот.